Илинден Куп 2026 во знакот на младинскиот фудбал

Генерациите 2014, 2015, 2016 и 2017 на Villarreal Masters Academy беа дел од четвртото издание на Илинден Куп 2026, еден од најпрепознатливите младински фудбалски настани во регионот. За нашата академија ова беше прво учество на турнирот, што го направи искуството уште позначајно за децата, тренерите и родителите. Повеќе од натпревари Во текот на турнирот, […]
Јас и фудбалот со: Димитри Тодев

Во рубриката „Јас и фудбалот“ ви ја пренесуваме приказната од една поинаква перспектива: низ очите на голманот. Што е тоа што го привлекува едно дете да застане меѓу стативите? Какво е чувството кога ќе одбраниш тежок шут или пенал? Кој го инспирира и што го мотивира да продолжи да работи уште повеќе? Денес разговараме со […]
Прво учество на Villarreal Yellow Cup Summer 2026

Го реализиравме првото учество на Villarreal Yellow Cup Summer 2026, еден од најголемите меѓународни младински турнири организирани од Villarreal CF. Турнирот на едно место ги собра младите фудбалери од различни земји и академии од глобалната мрежа на Villarreal, во Валенсија претворајќи го градот во вистински центар на младинскиот фудбал. Нашите деца добија ретка можност да […]
Јас и фудбалот со: Дариан Георгиев

Јас и фудбалот: низ очите на Дариан Георгиев од генерација 2017. Кога почна да играш фудбал? Првите почетоци за фудбал ми беа на мои 6 години во моето училиште кај наставниците Коки и Филип. Оттогаш редовно играм и уживам во овој спорт. Зошто го сакаш фудбалот? Го сакам фудбалот затоа што е динамичен спорт, […]
Интернационална поврзаност: посета на Даниел Милановиќ од Villarreal Las Vegas

Оваа недела имавме можност да бидеме дел од уште една убава интернационална приказна, со посетата на Даниел Милановиќ, играч од нашата сестринска академија Villarreal Las Vegas, кој тренираше заедно со нашите генерации. Оваа посета е дел од пошироката мрежа на Villarreal Academy, која ги поврзува академиите ширум светот и создава средина во која младите фудбалери […]
Работилница за спортска психологија за генерациите 2015 и 2016

Во рамки на нашите едукативни активности, во соработка со психолошкото катче, Психоспортико реализиравме работилница на тема „Улогата на спортската психологија врз спортскиот перформанс“, наменета за генерациите 2015 и 2016. Работилницата беше водена од нашиот спортски психолог Ива Здравковска, заедно со Ева Барамачева, лиценциран спортски психолог, кои преку практични примери и разговор со децата ги истакнаа […]
Првата посета на наши членови на Villarreal Academy во Шпанија: искуство што ќе трае

Дарко Јанков и Вероника Миноска од генерациите 2014 и 2013, заедно со тренерот Стефан Поповски, ја реализираа првата посета на Villarreal Academy во Шпанија. Овој важен чекор претставува значајно искуство како за децата, така и за целата академија, отворајќи ново поглавје во нивниот фудбалски развој и директна поврзаност со еден од најдобрите младински системи […]
Европски фудбал на нашиот терен: посета на Nano Márquez од Villarreal CF

Изминатата недела, имавме чест да бидеме домаќини на Nano Márquez, тренер од Villarreal CF и член на Меѓународниот оддел на клубот. Неговата посета донесе нова енергија на терените, директен допир со европскиот фудбалски пристап и искуство што се чувствува. Тренинзи што прават разлика Во текот на неколкудневната работа, децата имаа можност да тренираат со Nano, […]
Прво издание на Villarreal Masters Cup: голема сцена за новите генерации

Првото издание на Villarreal Masters Cup ги собра на едно место младите фудбалери, клубовите и љубителите на играта, создавајќи два дена исполнети со енергија, страст и вистински спортски дух. На 13 и 14 мај, теренот на Локомотива беше центар на младинскиот фудбал, каде што генерации од нашата академија и клубови од земјата учествуваа на […]
Villarreal Masters Cup: македонски младински фудбал со европски дух

Фудбалот не е само игра. Тој е енергија, страст и јазик што ги поврзува младите генерации. Токму со таа идеја, го организираме Villarreal Masters Cup, турнир кој ќе се одржи на 13 и 14 мај, кој ги обединува младите фудбалери од различни клубови низ Македонија во духот на играта, почитта и заедничкиот напредок. Фудбалот како […]
Јас и фудбалот со: Вероника Миноска

Во рубриката “Јас и фудбалот” ја запознаваме Вероника Миноска, млада фудбалерка која со голема љубов, посветеност и големи соништа чекори по својот фудбалски пат. Кога прв пат почна да играш фудбал? Почнав да играм фудбал на 8 години, односно пред 5 години. Кој те поддржа најмногу да почнеш да тренираш? Најголема поддршка ми даваат […]
Nano Márquez од Villarreal CF во посета на Villarreal Masters Academy од 8 до 15 мај

Со особена гордост најавуваме дека во периодот од 8 до 15 мај нашата академија ќе ја посети Nano Márquez , тренер од Villarreal CF и член на Меѓународниот оддел на клубот. Директна работа според официјалната методологија на Villarreal CF Во текот на целата посета, нашите деца ќе имаат можност директно да тренираат со тренер […]
Саботен фудбалски ден во Свети Николе за генерациите 2015, 2016 и 2017

Изминатата сабота беше исполнета со многу фудбалска енергија, игра и позитивна атмосфера за генерациите 2015, 2016 и 2017, кои настапија на гостински терен во Свети Николе. Нашите фудбалери одиграа одлични натпревари против домаќините Овче Поле, како и против екипата на Мал Ајакс од Штип. Натпреварите беа одлична можност за децата да го покажат својот […]
Родителите како клучен фактор во психолошкиот развој на детето спортист

Пишува Ива Здравковска, спортски психолог Работејќи како спортски психолог со деца, секојдневно гледам нешто што често се потценува. Родителите се најважниот „невидлив тренер“ во развојот на едно дете спортист. Не само преку поддршката што ја даваат, туку и преку начинот на кој реагираат, зборуваат и поставуваат очекувања. Прашањето не е дали родителите влијаат, […]
Јас и фудбалот со: Алексеј и Олег Ѓорговски

Во рубриката „Јас и фудбалот“ ги запознаваме нашите млади идни фудбалски ѕвезди: Алексеј и Олег Ѓорговски. Кога почнавте да тренирате фудбал? • За прв пат започнавме да тренираме фудбал во прво одделение на 6 годишна возраст во училишната сала. Таму започнавме да изведуваме вежби за водење и додавање на топката. Зошто […]
Прво учество на Gočko Cup 2026: Викенд исполнет со спортски дух и меѓународно искуство

Овој викенд во Врњачка Бања, со генерациите 2015 и 2016 го реализиравме нашето прво учество на интернационалниот фудбалски турнир Gočko Cup 2026. Настан кој секоја година собира голем број млади таленти од регионот и претставува една од најпосетуваните детски спортски манифестации во овој дел на Србија. Што претставува Gočko Cup? Gočko Cup е […]
Јас и фудбалот со: Ноа Штумф

Во рубриката „Јас и фудбалот“ ги запознаваме нашите млади фудбалери преку нивните приказни, искрени, детски и полни со љубов кон играта. Разговаравме со Ноа Штумф од генерација 2015, кој ни откри кога започнала неговата фудбалска приказна, што го мотивира да тренира и кои се неговите најголеми соништа. Кога почна да играш фудбал? • […]
Интервју: Ива Здравковска, спортски психолог

Колку е важна психолошката подготовка во развојот на младите фудбалери? Како се гради самодоверба? И како родителите и тренерите можат најдобро да ги поддржат децата во нивниот спортски раст? Во новото интервју разговараме со Ива Здравковска, спортски психолог, за менталната сила, тимската поврзаност и улогата на емоционалната стабилност во спортот. Затоа што успешен фудбалер не […]
Работилница „Кога тимот е семејство“ вложување во психолошкиот развој на генерација 2015

Во рамки на програмата за целосен развој на младите фудбалери, со дел од децата од генерација 2015 беше реализирана работилницата „Кога тимот е семејство“, активност насочена кон зајакнување на психолошката стабилност и тимската динамика кај децата. Работилницата имаше за цел да поттикне чувство на сигурност и припадност во групата, да ја продлабочи меѓусебната доверба и […]
Сите генерации на терен-пријателски натпревари со Младинската школа на ФК Вардар

Денес сите генерации беа активно вклучени на терените, каде одигравме серија пријателски натпревари против Младинската школа на ФК Вардар. Натпреварите поминаа во динамична и позитивна атмосфера, со висок интензитет, фер-плеј и јасна желба за напредок од страна на двете академии. За нашите млади фудбалери, ова беше одлична можност да се соочат со нови предизвици, да […]
Интервју: Давид Наваро, Фудбалски Бизнис Менаџер & Брендон Парамо, Менаџер за интернационален бизнис, Villarreal CF

Давид Наваро, Фудбалски Бизнис Менаџер, Villarreal CF Villarreal Academy е препознатлива како силна референца во развојот на млади играчи. Можете ли накратко да ја објасните филозофијата зад академијата и што ја прави нејзината методологија единствена? Филозофијата на Villarreal Academy во однос на развојот на играчите се темели на тоа играчот да биде поставен во […]
Први гостински натпревари исполнети со борбеност и спортски дух

Нашите фудбалери вчера во Штип против домаќините ФК Марадона одиграа четири пријателски натпревари, со што го забележаа својот прв настап на гостински терен. И покрај предизвикувачките временски услови, натпреварите поминаа во одлична атмосфера и вистински спортски дух. На теренот беше видлива желбата за игра, борбеноста во дуелите и тимската поврзаност, кои не изостанаа ниту во […]
Македонската репрезентативка Симона Мајер ново засилување на Villarreal CF

Возбудливи вести пристигнуваат од Шпанија, каде што македонската репрезентативка Симона Мaјер официјално стана ново засилување на женскиот фудбалски тим на Villarreal CF. Овој трансфер претставува значаен чекор во кариерата на Симона и уште една потврда за нејзиниот квалитет, посветеност и континуиран напредок на меѓународната сцена. Настапот во еден од најреномираните шпански клубови отвора ново поглавје […]
Фудбалска дружба и нови познанства со ФК Марадона од Штип

Денес бевме домаќини на нашите пријатели од ФК Марадона од Штип, со кои одигравме неколку пријателски натпревари во атмосфера исполнета со спортски дух, позитивна енергија и искрена љубов кон фудбалот. На теренот, младите фудбалери од двата клуба прикажаа борбена и динамична игра, но пред сè фер-плеј, меѓусебна почит и желба за натпреварување во вистински спортски […]
Интервју: Игор Тасевски голмански тренер Villarreal Masters Academy

Во рамки на нашата серија интервјуа, ви го претставуваме Игор Тасевски, поранешен македонски голман и дел од стручниот тим на Villarreal Masters Academy. Игор зад себе има богата играчка кариера во неколку домашни клубови, меѓу кои Македонија ЃП, Работнички, Металург и Вардар, а повеќе од 10 години е лиценциран тренер на голмани, со искуство […]
Новогодишно дружење со семејствата и нашите млади фудбалери

Вo духот на празниците, Villarreal Masters Academy организираше новогодишно дружење за децата и нивните семејства. Ден исполнет со игри, насмевки и забава, а секако и со прекрасни новогодишни подароци за нашите млади фудбалери. Им посакуваме на сите среќна нова година, исполнета со жолто-сина магија. ✨💛💙 0 Facebook 0 Facebook-messenger 0 Viber 0 Whatsapp 0 […]
Спортски дух и почит во дуелите на генерациите 2015 и 2016

Генерациите 2015 и 2016 на Villarreal Masters Academy одиграа пријателски натпревари против ФК Карпошово, во ден исполнет со динамична игра, емоции и вистинска спортска атмосфера. На теренот видлива беше желбата за игра, храброст во дуелите и искрена радост во секој потег со топката. Децата од двата тима покажаа дека фудбалот е повеќе од резултат, тоа […]
Први пријателски натпревари во духот на спортот и фер-плејот

Генерациите 2017 и 2018 на Villarreal Masters Academy ги одиграа своите први пријателски натпревари против екипите на Работнички, во атмосфера исполнета со спортски дух, почит и искрена детска радост. Овие натпревари беа важен чекор во развојот на најмладите фудбалери – можност да го применат наученото од тренинзите, да се запознаат со натпреварувачки амбиент и, најважно, […]
Првиот чекор на новата приказна-Официјално отворање на Villarreal Masters Academy

Villarreal Masters Academy официјално го започна своето патување со првиот тренинг и симболично отворање исполнето со насмевки, енергија и вистински спортски дух. Првиот ден беше одбележан со посебен момент – пријателски натпревар меѓу децата и нивните родители, кој донесе многу радост, смеа и силна порака за заедништво. На теренот немаше резултат, туку љубов кон играта, […]