Јас и фудбалот: низ очите на Дариан Георгиев од генерација 2017.
Кога почна да играш фудбал?
  • Првите почетоци за фудбал ми беа на мои 6 години во моето училиште кај наставниците Коки и Филип. Оттогаш редовно играм и уживам во овој спорт.

 

Зошто го сакаш фудбалот?

  • Го сакам фудбалот затоа што е динамичен спорт, ме учи на тимска работа и секако носи голема возбуда додека играм и гледам фудбалски натпревари.

 

Што најмногу ти се допаѓа во Villarreal Masters Academy?

  • Тоа што стекнувам нови другари, во однос на тренинзите најмногу ми се допаѓа кога тренерот Бојан ќе ни даде да играме Шпанска Шева. А со најголемо задоволство кога ќе ни организираат натпревари.

 

 

 

Кој ти е омилен фудбалер?

  • Омилен фудбалер ми е Kylian Mbappe, а од Villareal CF Thomas Partey зошто носиме ист број на дрес “16” 🙂

 

Кој најмногу те поддржува да играш фудбал?

  • Моите родители.

 

Омилен фудбалски момент до сега?

  • Омилени фудбалски моменти ми се кога ќе постигнам гол, но најдраги ми се оние голови постигнати со глава.

 

 

Кој е твојот фудбалски сон?

  • Мојот фудбалски сон е ист како на сите деца кои тренираат фудбал. Верувам дека со многу работа и упорност мојот сон може да се оствари.

 

 

Дали имате прашања ?

Слободно можете да не контактирате на следниов линк

Пратете не на:

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.