Чувај ја мрежата. Гради ја иднината.
Villarreal Macedonia
Academy
Момчиња & Девојчиња: Од 8 до 14 години
Тренинг: 2 пати неделно
Времетраење: 1 час и 30 минути
Следејќи ја методологијата на Villarreal CF, нашата Голманска Академија е одлична почетна точка за играчите да ги научат основите и да ги развијат своите фудбалски вештини, техники и самодоверба на забавен и динамичен начин.
Во нашата голманска академија, голманите работат под водство на специјализиран голмански тренер, со програма креирана според современите барања на позицијата и индивидуалните потреби на секој голман.
Програмата е насочена кон развој на комплетен голман: сигурен меѓу стативите, одлучен во играта и подготвен да одговори на предизвиците на модерниот фудбал.
Преку внимателно планирани тренинзи, индивидуален пристап и континуирана евалуација, младите голмани добиваат можност да напредуваат во сите сегменти на играта: техника, позиционирање, рефлекси, игра со нога, комуникација и ментална подготовка.
Нашата цел е секој голман да добие средина во која ќе може да го достигне својот потенцијал и да ја изгради самодовербата што ја бара најодговорната позиција на теренот.
Запознај ја една од водечките фудбалски методологии во светот и развивај ги своите вештини на Villarreal начин.
Работи со лиценцирани и целосно сертифицирани професионални тренери кои се посветени на твојот развој на теренот и надвор од него.
Добивај индивидуални технички, физички и психолошки извештаи за следење на напредокот и развојот на твоите способности.
Голманската Академија е наменета за:
Без разлика на претходното искуство, секој голман добива можност да напредува според своите можности и возраст.
12 Месечна чланарина од 5.000 денари.
Во чланарината се вклучени сите трошоци за домашни и гостински пријателски натпревари во Македонија, учество во Детска лига на ФФМ како и пристап до веб порталот за развој на играчот.
Цената на регистрација изнесува 6.000 денари во која е вклучена тренинг опрема и пријава во ФФМ.
Copyright © 2025 Villarreal Masters.