Игор има богата играчка кариера во неколку домашни клубови, меѓу кои Македонија ЃП, Работнички, Металург и Вардар.
Повеќе од десет години е лиценциран тренер на голмани, со искуство во работа со сите возрасни категории од најмладите селекции до професионални голмани.
Во текот на својата тренерска кариера, има значајно искуство и во младинските репрезентации на Македонија.
Игор е официјален тренер на голмани во Villarreal Masters Academy, каде активно учествува во развојот на младите голмани според современи и професионални тренажни принципи.
Фудбалски тренер со петгодишно искуство во работа со деца на возраст од 6 до 15 години. Дипломиран фудбалски тренер на Факултетот за физичка култура и носител на UEFA B лиценца.
Има учествувано на бројни меѓународни турнири и едукативни семинари, како и во тренинг‑кампови на Црвена Звезда и Барселона во Скопје. Во својата тренерска кариера, трипати има освоено прво место во ФФМ детската лига со две различни генерации.
Тони е поранешен професионален фудбалер со богата играчка кариера во македонското првенство и интернационално искуство во странство.
Носител е на UEFA A лиценца и поседува долгогодишно искуство во работа со млади фудбалери и сениорски екипи.
Во својата тренерска кариера со ФК Македонија Ѓорче Петров двапати го освојува Купот на Република Македонија, а во младинските категории бележи значајни успеси со освојување на две последователни шампионски титули со генерациите У14 и У15.
Посебен фокус во својата работа става на индивидуалниот развој на играчите, техничката подготовка, дисциплината и создавање на здрава и професионална спортска средина за младите фудбалери.
Тренер со повеќе од 10 години искуство во работа со деца и млади фудбалери, посветен на развојот на играчите како на теренот, така и надвор од него. Во текот на својата кариера работел со различни возрасни категории и активно учествувал во развојот на голем број млади фудбалери.
Во својата работа посебен акцент става на техничкиот развој, дисциплината, разбирањето на играта и правилното носење одлуки на теренот. Препознатлив е по својот одличен однос со децата, позитивната енергија и способноста да ги мотивира играчите да го дадат својот максимум.
Неговата цел е секое дете да напредува, да развива самодоверба, да научи да функционира како дел од тим и, пред сè, да ја развие љубовта кон фудбалот и спортот.
Марко е професионален фудбалер со деветгодишно сениорско искуство во македонската Прва и Втора лига, како и интернационално играчко искуство во Србија и Бугарија. Во текот на својата кариера настапувал за ФК Вардар, ФК Тетекс, ФК Македонија ЃП, ФК Телеоптик, ФК Монтана, ФК Локомотива, ФК Каменица Саса и други клубови.
Дипломиран е професор по физичко и здравствено образование, носител на UEFA C и UEFA B тренерски лиценци, како и лиценциран фитнес тренер. Уште од младинските категории бележи значајни спортски успеси, меѓу кои повеќекратно освоено првенство и пет титули во Купот на Македонија со ФК Вардар.
Своето играчко искуство и стручно знаење ги пренесува во тренерската работа, со фокус на индивидуалниот развој, физичката подготовка и унапредувањето на техничките и тимските перформанси на младите фудбалери. Посветен е на континуирана едукација и примена на современи тренерски методи во развојот на играчите.
Никола е поранешен фудбалер со повеќегодишно искуство во македонското младинско и сениорско првенство. Во својата играчка кариера настапува за ФК Македонија Ѓорче Петров, како во младинските категории, така и во сениорскиот тим.
Бил дел и од младинските репрезентации на Македонија до 18 и 19 години (У18 и У19), учествувајќи на интернационални турнири и УЕФА квалификациски натпреварувања.
Како помошен тренер, своето играчко искуство и познавање на современиот фудбал го пренесува на младите играчи, со посебен фокус на индивидуалниот развој, работните навики и љубовта кон играта.
Copyright © 2025 Villarreal Masters.