Најчесто поставувани прашања

Од која возраст може детето да започне со тренинг?

Во Villarreal Masters Academy работиме со деца од 5 до 13 години, со програма и пристап прилагодени на возраста и нивото на развој на секоја генерација. 

Дали детето мора претходно да има тренирано фудбал?

Не. Претходно искуство не е потребно. Секое дете има различна почетна точка, а тренажниот процес е насочен кон постепен и индивидуален развој. 

Дали може да дојдеме на пробен тренинг?

Да. Пред запишување, детето може да присуствува на пробен тренинг, да се запознае со тренерите, начинот на работа и атмосферата во академијата. 

Каде се одржуваат тренинзите?

Тренинзите се одржуваат на фудбалското игралиште Локомотива во Карпош, Скопје.  Во текот на зимскиот период, за најмалите генерации е обезбедена спортска сала, каде што тренинзите продолжуваат во соодветни услови и согласно редовната тренинг-програма. 

Колку пати неделно се тренира?

Бројот на тренинзи неделно зависи од возраста и програмата на секоја генерација. Актуелниот распоред и точните термини за тренинг се достапни на нашата веб-страница, во секциите „Фудбалска школа“ и „Академија“. 

По која методологија работи академијата?

Тренажниот процес се реализира според официјалната методологија на Villarreal CF, со фокус не само на техничкиот и тактичкиот развој, туку и на разбирањето на играта, самостојното носење одлуки, дисциплината и развојот на играчот како личност. 

Колку изнесува месечната членарина?

Информациите за месечната членарина, регистрацијата и што е вклучено во цената се достапни во соодветните секции „Фудбалска школа“, „Академија“ и „Голманска академија“ на нашата веб-страница. 

Дали има поволности доколку две деца од семејството тренираат во академијата?

Да. За семејствата со повеќе од едно дете во академијата, обезбедуваме 50% попуст на месечната членарина за второто дете. 

Дали децата се делат според тоа кој е „подобар“?

Не. Нашата филозофија не е базирана на поделба на „силни“ и „слаби“ деца. Секое дете добива можност да тренира, да учи и да напредува, согласно своето ниво и индивидуален развоен пат. 

Дали академијата учествува на натпревари и турнири?

Да. Натпреварите, пријателските средби и турнирите се важен дел од развојниот процес. Академијата создава можности за домашни и меѓународни фудбалски искуства, согласно возраста и програмата на генерацијата. 

Дали имате посебна програма за голмани?

Да. Во рамки на Villarreal Masters Goalkeeper Academy се реализира специјализирана програма за развој на млади голмани, со работа на техника, позиционирање, рефлекси, игра со нога, комуникација и ментална подготовка. 

Дали децата имаат официјална опрема?

Да. Членовите користат официцијална Villarreal Academy опрема согласно стандардите и правилата на академијата. 

Како можам да го запишам моето дете?

Пријавувањето може да се направи преку формата за упис на веб-страницата, по што нашиот тим ќе ве контактира со информации за соодветната генерација и следните чекори. 

Како ќе го следам напредокот на моето дете?

Развојот на секое дете е индивидуален и не се мери само преку голови, победи или минути поминати на терен. 

Како ќе го следам напредокот на моето дете?

Развојот на секое дете е индивидуален и не се мери само преку голови, победи или минути поминати на терен. 

Покрај редовната комуникација со тренерите, родителите имаат пристап и до нашиот Player Development Portal, создаден за појасно и континуирано следење на развојот на играчот. 

На едно место, родителот добива подобар увид во развојниот пат на своето дете и може полесно да ја следи неговата работа и напредокот низ сезоната. 

Дали родителите можат да го следат тренингот?

Да, родителите можат да го следат тренингот од просторот предвиден за посетители, надвор од тренажниот терен.

Каде можам да добијам дополнителни информации?

За прашања поврзани со уписи, тренинзи, програми и членство можете да нè контактирате преку контакт-формата на веб-страницата или официјалните канали на Villarreal Masters Academy. 

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.