Изминатата сабота беше исполнета со многу фудбалска енергија, игра и позитивна атмосфера за генерациите 2015, 2016 и 2017, кои настапија на гостински терен во Свети Николе.


Нашите фудбалери одиграа одлични натпревари против домаќините Овче Поле, како и против екипата на Мал Ајакс од Штип. Натпреварите беа одлична можност за децата да го покажат својот напредок, да применат дел од наученото на тренинзите и да стекнат ново искуство преку игра и натпреварување.

Фокусот, како и секогаш, беше ставен на развојот, тимската игра и уживањето во фудбалот, а децата покажаа голема желба, дисциплина и спортски дух. Ваквите гостувања се важен дел од процесот на учење и раст, бидејќи им овозможуваат на најмладите да се соочат со нови предизвици и различни стилови на игра.


Продолжуваме со организирање на пријателски средби, со кои на нашите членови им овозможуваме континуиран развој и што повеќе фудбалски моменти.