Во рубриката „Јас и фудбалот“  ви ја пренесуваме приказната од една поинаква перспектива: низ очите на голманот. Што е тоа што го привлекува едно дете да застане меѓу стативите? Какво е чувството кога ќе одбраниш тежок шут или пенал? Кој го инспирира и што го мотивира да продолжи да работи уште повеќе?

Денес разговараме со нашиот голман од генерација 2015, Димитри Тодев, кој ни открива како започнала неговата љубов кон фудбалот, кои се неговите омилени моменти на теренот и какви соништа крие зад голманските ракавици.

 

Кога првпат застана на голот и како одлучи да бидеш голман?

Првпат застанав на гол кога имав 7 години. Многу ми се допадна чувството да бранам и уште тогаш одлучив дека сакам да бидам голман.

 

Што најмногу ти се допаѓа во улогата на голман?

Најмногу ми се допаѓа чувството кога ќе направам добра одбрана и кога со тоа ќе му помогнам на мојот тим.

 

 

 

 

Ако можеш еден ден да тренираш со кој било голман во светот, кого би избрал?                                           

Би сакал еден ден да тренирам со Икер Касиљас. Тоа би било незаборавно искуство за мене.

 

Дали повеќе сакаш да одбраниш пенал или да победиш на натпревар?

Секако дека сакам да одбранам пенал 😊, но поважно ми е да победиме, бидејќи победата е успех на целиот тим.

 

Што најмногу ти се допаѓа во Villarreal Masters Academy?

Најмногу ми се допаѓа тоа што запознавам нови другари, тренерите, интересните тренинзи и тоа што постојано учам нешто ново. Ми се допаѓа и позитивната атмосфера и енергијата што ја имаме во академијата.

 

Кој најмногу те поддржува во фудбалот?

Најголема поддршка ми се моето семејство, тато, мама, сестра ми и дедо ми, како и моите тренери.

 

 

Што би им порачал на децата кои сакаат да станат голмани?

Би им порачал да не се откажуваат, вредно да тренираат, да бидат храбри и секогаш да веруваат во себе.

 

Кој е твојот најголем фудбалски сон?

Мојот најголем фудбалски сон е еден ден да бранам за најдобрите тимови, да ја претставувам Македонија и да освојувам трофеи.

 

Дали имате прашања ?

Слободно можете да не контактирате на следниов линк

Пратете не на:

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.