Со особена гордост најавуваме дека во периодот од 8 до 15 мај нашата академија ќе ја посети Nano Márquez , тренер од Villarreal CF и член на Меѓународниот оддел на клубот.
Директна работа според официјалната методологија на Villarreal CF
Во текот на целата посета, нашите деца ќе имаат можност директно да тренираат со тренер од Villarreal CF, кој секојдневно работи на поддршка и развој на официјалните меѓународни академии на клубот. Акцентот ќе биде ставен на практична работа на терен, индивидуален и тимски пристап, како и примена на официјалната методологија на Villarreal CF.
Покрај активното вклучување во тренажниот процес, посетата ќе овозможи и директен увид во работата на академијата и нашите тренери, пристапот и развојот на децата, што претставува значајно искуство и дополнителна мотивација за сите генерации.
Поддршка, континуитет и професионален надзор
Посетата е дел од континуираната соработка со Villarreal CF и уште една потврда за посветеноста на академијата кон квалитетен и структуриран развоен процес. Преку ваквите активности, децата добиваат можност да работат во професионална средина, под водство на тренер кој активно учествува во имплементацијата на методологијата на еден од најреспектираните клубови во европскиот фудбал.
Активен период исполнет со можности
Оваа посета е почеток на исклучително активен период за нашата академија, исполнет со тренинг активности, учење и вредни искуства за децата. Академијата продолжува да ја следи својата визија, да создава реални можности за развој на младите фудбалери, преку директна поврзаност со врвниот фудбалски систем на Villarreal CF.