Генерациите 2014, 2015, 2016 и 2017 на Villarreal Masters Academy беа дел од четвртото издание на Илинден Куп 2026, еден од најпрепознатливите младински фудбалски настани во регионот. За нашата академија ова беше прво учество на турнирот, што го направи искуството уште позначајно за децата, тренерите и родителите.

Повеќе од натпревари
Во текот на турнирот, нашите играчи имаа можност да се натпреваруваат со екипи од Македонија и странство, да се соочат со различни стилови на игра и да стекнат ново искуство во една вистинска меѓународна фудбалска атмосфера. На теренот видовме борбеност, желба за надигрување, многу радост по секој постигнат гол и моменти кои уште еднаш потврдија дека турнирите се важен дел од развојот на младите фудбалери.

Атмосфера што се памети
Она што посебно го одбележа овој викенд беа енергијата и емоциите кои можеа да се почувствуваат на секој терен. Насмевките на децата, поддршката од трибините и дружењето меѓу екипите создадоа атмосфера која ќе остане во убаво сеќавање на сите учесници.

Честитки до организаторите
Искрени честитки до организаторите на Илинден Куп 2026 за одлично реализираниот турнир, професионалната организација и условите кои им беа овозможени на сите учесници. Четвртото издание уште еднаш покажа зошто турнирот има посебно место во календарот на младинскиот фудбал и зошто од година во година привлекува сè поголем број екипи.

До следната средба
Нашето прво учество на Илинден Куп остави прекрасен впечаток и донесе многу нови искуства за нашите генерации. Искрено се надеваме дека ова е почеток на една убава традиција и веќе со нетрпение го очекуваме следното издание.

Фотографиите се преземени од официјалната Facebook страна на Илиден Куп.