Во рамки на нашите едукативни активности, во соработка со психолошкото катче, Психоспортико реализиравме работилница на тема „Улогата на спортската психологија врз спортскиот перформанс“, наменета за генерациите 2015 и 2016.

Работилницата беше водена од нашиот спортски психолог Ива Здравковска, заедно со Ева Барамачева, лиценциран спортски психолог, кои преку практични примери и разговор со децата ги истакнаа клучните аспекти на менталната подготовка во спортот.

Фокусот беше ставен на развој на самодоверба, концентрација и позитивен начин на размислување, како важни елементи за подобрување на спортскиот перформанс.

Овие активности се важен дел од пристапот на академијата, со цел да се поддржи целокупниот развој на децата, не само како фудбалери, туку и како личности.

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.