Во рубриката „Јас и фудбалот“ ги запознаваме нашите млади фудбалери преку нивните приказни, искрени, детски и полни со љубов кон играта.

 

Разговаравме со Ноа Штумф од генерација 2015, кој ни откри кога започнала неговата фудбалска приказна, што го мотивира да тренира и кои се неговите најголеми соништа.

 

Кога почна да играш фудбал?
• Почнав да играм фудбал кога имав 3 години, но тогаш бев премногу мал и не го разбирав баш концептот на спортот, моите родители одлучија да престанат да ме носат на тренинзи. Потоа почнав да се интересирам за фудбал кога имав 5 години и сам ги прашав родителите дали можам повторно да почнам, и од тогаш никогаш не сум престанал да играм.

 

Зошто го сакаш фудбалот?
• Затоа што ме предизвикува и затоа што не вклучува само физичка активност (трчање и шутирање), туку и размислување и донесување одлуки.

 

Дали си тренирал во друг клуб?
• Да, кога бев во Косово играв за еден клуб, а кога се преселивме во Скопје почнав да тренирам во ФК Водно речиси две и пол години.

 

Што најмногу ти се допаѓа во Villarreal Masters Academy?
• Новите другари што ги запознав и особено нашиот тренер Даме.

 

Кој ти е омилен фудбалер?
• Имам неколку омилени, но топ два ми се Joshua Kimmich и Jamal Musiala.

 

Кој најмногу те поддржува да играш фудбал?
• И мама и тато.

 

Кој е твојот фудбалски сон?
• Еден ден да станам професионален фудбалер.

 

Дали имате прашања ?

Слободно можете да не контактирате на следниов линк

Пратете не на:

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.