Во текот на изминатиот период, сите генерации на Villarreal Masters Academy учествуваа во специјално подготвени активности насочени кон развој на моторичките способности и подобрување на спортските перформанси.
Овие сесии претставуваат важен дел од нашиот развоен процес, бидејќи веруваме дека успешниот фудбалер не се гради само преку работа со топка, туку и преку развивање на координацијата, рамнотежата, агилноста, стабилноста и правилните двигателни навики.

Активности прилагодени на возраста
Најмалите генерации ги реализираа своите часови во Dive Kids Club, каде преку игра, движење и специјално осмислени активности работеа на развој на основните моторички способности.
Во меѓувреме, повозрасните генерации учествуваа на тренинзи во Youth Athletic Performance Center, каде фокусот беше ставен на подобрување на спортските перформанси, атлетскиот развој, координацијата и подготовката на телото за барањата на современиот фудбал.

Повеќе од фудбал
Ваквите активности се важен дел од нашата методологија и пристап кон развојот на младите спортисти. Со нив создававме основа за подобро движење, поголема самодоверба и поголема подготвеност на теренот.
Преку комбинација на фудбалски тренинг и дополнителна физичка подготовка, нашата цел е секое дете да добие квалитетна поддршка во својот развој, соодветна на возраста и индивидуалните потреби.
