Во рубриката “Јас и фудбалот” ја запознаваме Вероника Миноска, млада фудбалерка која со голема љубов, посветеност и големи соништа чекори по својот фудбалски пат.

Кога прв пат почна да играш фудбал?

  • Почнав да играм фудбал на 8 години, односно пред 5 години.

 

Кој те поддржа најмногу да почнеш да тренираш?

  • Најголема поддршка ми даваат моите родители. Тие секогаш ми даваат безрезервна поддршка, што ја зголемува мојата сигурност и самодоверба.

 

 

 

 

Што те прави најсреќна на тренинг?

  • Најсреќна сум кога играме фудбал, затоа што тогаш најмногу уживам.

 

Што најмногу ти се допаѓа во нашата академија?

  • Во мојата академија најмногу ми се допаѓаат тренинзите на кои се работи посветено, бидејќи само така секој играч може да ги усоврши своите вештини и да стане подобар.

 

 Кој ти е омилен фудбалер/фудбалерка?

  • Мој омилен фудбалер е Lionel Messi, а омилена фудбалерка ми е Alexia Putellas.

 

На која позиција најмногу сакаш да играш?

  • Најмногу сакам да играм во средина на теренот, затоа што сакам да учествувам во креирање на акции и да ги разигрувам соиграчите.

 

 

 

 

 

 

Што сонуваш да станеш еден ден?

  • Уште од мала сонувам да станам професионална и успешна фудбалерка. Верувам дека сум на тој пат и сигурна сум дека со труд и посветеност ќе го остварам својот сон.

 

 Што би им препорачала на други девојчиња што сакаат да почнат да играат фудбал? 

  • Ги охрабрувам сите девојчиња кои што ја сакаат фудбалската игра, да веруваат во себе и да започнат да тренираат фудбал. Девојчињата можат да бидат исто толку успешни и посветени како и момчињата. Само верувајте во себе, тренирајте посветено и резултатите ќе дојдат.

 

Дали имате прашања ?

Слободно можете да не контактирате на следниов линк

Пратете не на:

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.