На 17 октомври 2026 година, го организираме првиот KEEPER CLASH 600: иновативен натпреварувачко-развоен концепт наменет за млади голмани на возраст од 8 до 14 години. Сите детали, предизвици и концептот за бодување се достапни на официјалната брошура.

 

Натпреварот е отворен за сите голмани, без разлика на клубот или академијата од која доаѓаат. За учество можат да се пријават голмани од сите клубови, школи и академии од Македонија и регионот.

6 дисциплини. 600 поени. Еден шампион.

За разлика од класичните голмански турнири, Keeper Clash 600 не ја тестира само една голманска вештина. Преку шест различни дисциплини, учесниците ќе ги покажат своите технички, физички, тактички и ментални способности.  Секоја дисциплина ќе носи максимум 100 поени, а максималниот можен резултат е 600 поени. По завршување на сите дисциплини се формира генералниот пласман и се прогласува еден апсолутен победник.

 

Возрасни категории

Натпреварувањето ќе се одвива во три категории:

 

  • U9–U10 (2017–2018)
  • U11–U12 (2015–2016)
  • U13–U14 (2013–2014)

 

Покрај апсолутниот победник на Keeper Clash 600, ќе бидат прогласени и победници во секоја поединечна категорија.

Повеќе од натпревар

Keepers Clash 600 е создаден за да понуди поинаков тип на голманско натпреварување. Шесте дисциплини се внимателно осмислени за да ги тестираат најважните аспекти на модерната голманска игра: игра со нога, дистрибуција, реакција, одбрана, донесување одлуки и натпреварувачки карактер.  Целта не е да се избере најдобриот голман во една дисциплина, туку да се открие најкомплетниот млад голман кој ќе покаже најголема стабилност и квалитет низ сите шест предизвици.

Пријавите се отворени

Сите заинтересирани голмани можат да се пријават преку официјалната форма за регистрација.

 

 

Дали имате прашања ?

Слободно можете да не контактирате на следниов линк

Пратете не на:

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.