Од оваа сезона нашите генерации се приклучуваат на Детската лига на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

 

Овој чекор претставува важен дел од развојниот пат на нашите деца и уште една можност стекнатото знаење, искуство и работа од тренинзите да го покажат и на официјалните натпревари.

 

Натпреварите како дел од развојот

Веруваме дека натпреварувањето е важен сегмент од развојот на секој млад фудбалер. Покрај пријателските натпревари и учеството на турнири и купови, официјалните натпревари носат дополнителна вредност и нови предизвици за децата.

 

Токму преку ваквите натпревари тие учат:

 

  • да носат одлуки под притисок;
  • да соработуваат како тим;
  • да победуваат достоинствено;
  • да се справуваат со предизвиците што ги носи спортот;
  • да градат карактер и самодоверба.

 

Учеството во Детската лига на ФФМ ќе им овозможи на нашите играчи редовни натпреварувачки активности, стекнување нови искуства и континуиран индивидуален и тимски развој.

 

Возбудлива сезона пред нас

Пред нас е уште една сезона исполнета со тренинзи, натпревари, нови предизвици и многу фудбалски моменти.

Со нетрпение го очекуваме почетокот на лигата и можноста нашите деца да продолжат да растат низ играта што ја сакаат, претставувајќи ги боите на Villarreal Masters Academy на терените ширум Македонија.

 

 

Дали имате прашања ?

Слободно можете да не контактирате на следниов линк

Пратете не на:

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.