Го реализиравме првото учество на Villarreal Yellow Cup Summer 2026, еден од најголемите меѓународни младински турнири организирани од Villarreal CF. Турнирот на едно место ги собра младите фудбалери од различни земји и академии од глобалната мрежа на Villarreal, во Валенсија претворајќи го градот во вистински центар на младинскиот фудбал. Нашите деца добија ретка можност да бидат дел од настан кој обединува различни култури, стилови на игра и генерации поврзани преку љубовта кон фудбалот.

Повеќе од турнир
Villarreal Yellow Cup Summer не е само серија натпревари. Во рамките на програмата, учесниците имаа можност да бидат дел од целосното Villarreal Academy искуство: тренинзи, натпревари, посета на стадионот Estadio de la Cerámica, запознавање со академските капацитети на клубот и дружење со врсници од целиот свет. Посебен момент беше свеченото отворање на турнирот на Estadio de la Cerámica, каде повеќе од 8.000 гледачи и над 4.000 учесници создадоа спектакуларна атмосфера исполнета со фудбалски дух, заедништво и почит, вредности кои се во срцето на турнирот и на Villarreal CF. На отворањето продефилираа 204 екипи, создавајќи незаборавна слика на единство и пријателство.
Вредно искуство за нашите деца
За нашите играчи, ова беше можност да се натпреваруваат на високо ниво, да стекнат нови искуства и да почувствуваат што значи да се биде дел од меѓународниот фудбалски свет. Натпреварите, дружбата со деца од други земји и престојот во средината на Villarreal CF претставуваат искуство кое ќе остане важен дел од нивниот развој, не само како фудбалери, туку и како личности.

Почеток на традиција
Нашето прво учество на Villarreal Yellow Cup Summer претставува уште еден значаен чекор во развојот на Villarreal Masters Academy. Убедени сме дека ова е само почеток на многу нови искуства, нови пријателства и незаборавни фудбалски приказни што допрва ќе ги создаваат нашите генерации. 💛