Првото издание на Villarreal Masters Cup ги собра на едно место младите фудбалери, клубовите и љубителите на играта, создавајќи два дена исполнети со енергија, страст и вистински спортски дух.
На 13 и 14 мај, теренот на Локомотива беше центар на младинскиот фудбал, каде што генерации од нашата академија и клубови од земјата учествуваа на настан кој понуди многу повеќе од натпреварување.

Фудбал како искуство, не само резултат
Villarreal Masters Cup беше место каде што децата играа со радост, учеа низ секој натпревар и создаваа нови пријателства. На теренот се гледаше борбеност, тимска игра и желба за напредок, а секој натпревар носеше нова приказна.
Фокусот не беше само на резултатот, туку на процесот, развојот и љубовта кон фудбалот, вредности што ја прават разликата на долг рок.

Учесници
На првото издание на Villarreal Masters Cup учество земаа ФК Аеродром, ФК Маџари Солидарност, ФК Вардар, ФК Куманово Еуроспорт, ФШ Глигоров Скопје, ФК Железара,ФК Спорт ЕФЕ, ФК Форца, ФК Работнички, ФК Партизан Југ Брвеница, ФК ССК НОВА, заедно со генерациите на Villarreal Masters Academy, клубови кои низ игра, почит и пријателство создадоа вистинска фудбалска атмосфера.

Фудбал што обединува
Турнирот ги спои клубовите во атмосфера на пријателство, почит и фер‑плеј, каде сите учесници, деца, тренери и родители, придонесоа за позитивно и инспиративно искуство.
Полни трибини, поддршка и енергија од страна на родителите беа дополнителен мотив за младите фудбалери да го дадат својот максимум и да уживаат во секој момент на теренот.

Европски дух на терен
Ова издание доби посебна тежина со присуството на Nano Márquez, тренер од Villarreal CF, кој за време на својата посета ја следеше работата на децата и беше дел од целокупната фудбалска атмосфера.
Неговото присуство донесе европска перспектива и инспирација, дополнително нагласувајќи го значењето на ваквите настани за развојот на младинскиот фудбал.

Почеток на приказна
Villarreal Masters Cup не беше само турнир – туку почеток на една нова фудбалска приказна.
Приказна што ќе расте, ќе се развива и ќе продолжи да создава можности, искуства и спомени за новите генерации фудбалери.



