Во рубриката „Јас и фудбалот“ ги запознаваме нашите млади идни фудбалски ѕвезди: Алексеј и Олег Ѓорговски.

 

Кога почнавте да тренирате фудбал?
• За прв пат започнавме да тренираме фудбал во прво одделение на 6 годишна возраст во училишната сала. Таму започнавме да изведуваме вежби за водење и додавање на топката.

 

 

 

Зошто го сакате фудбалот?
• Фудбалот е нашето омилено хоби. Уште како многу мали на 4 години топката ни стана главна занимација, а светски познатите фудбалери наши идоли. Постојано следевме натпревари на нашите омилени тимови заедно со нашиот татко, собиравме албуми со сликички, така ги запознавме сите клубови и фудбалери. Фудбалот е забавен, играме заедно со нашите другари, среќни сме кога ке дадаме гол и кога ќе победи нашиот тим.

 

Дали сте тренирале во друг клуб?
• Во прво одделение една година трениравме во училиштето со нашиот тренер Виктор.

 

Што најмногу Ви се допаѓа во Villarreal Masters Academy?
• Тренинзите во Villarreal Masters Academy се забавни, нашите тренери Бојан и Стефан ги даваат најдобрите вежби за водење на топката и шутирање кон гол што ни помага да станеме се подобри. Другаруваме со децата кои тренираат во истиот клуб. Организираат интересни натпревари и секогаш не бодрат за да постигнеме повеќе голови и победи.

 

 

Кој Ви е омилен фудбалер?
• Алексеј: Мојот омилен фудбалер е Hugo Ekitike од фудбалскиот клуб Liverpool. Олег: Мојот омилен фудбалер е Lamine Yamal од фудбалскиот клуб Barcelona.

 

 

 

 

Омилен фудбалски момент до сега? 
• Алексеј: Мојот омилен фудбалски момент е кога за прв пат дадов гол на натпревар. Сите од тимот дојдоа да славиме, тренерот беше горд, се чувствував како херој на теренот. Олег: Мојот омилен момент откако тренирам фудбал е кога игравме пријателски натпревар против клубот во кој тренираат моите најдобри другари од училиште и јас дадов два гола. Се чувствував многу среќно и гордо, а истовремено ја слушав мојата мајка како ме бодри од публика.

 

Кој е вашиот фудбалски сон?
• Нашиот фудбалски сон е да станеме познати фудбалери на Villarreal FC, да живееме во Шпанија, да играме на голем стадион пред многу публика, да бидеме важен дел од тимот, да постигнуваме многу голови, да освоиме трофеј со екипата.

 

Дали имате прашања ?

Слободно можете да не контактирате на следниов линк

Пратете не на:

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.