Генерациите 2017 и 2018 на Villarreal Masters Academy ги одиграа своите први пријателски натпревари против екипите на Работнички, во атмосфера исполнета со спортски дух, почит и искрена детска радост.

Овие натпревари беа важен чекор во развојот на најмладите фудбалери – можност да го применат наученото од тренинзите, да се запознаат со натпреварувачки амбиент и, најважно, да учат што значи фер-плеј, тимска игра и меѓусебна поддршка.

Резултатот овојпат беше во втор план. Во фокусот беа насмевките, ентузијазмот и градењето здрави спортски навики и култура уште од најрана возраст. Токму ваквите пријателски средби се темел за развој не само на добри фудбалери, туку и на млади личности кои ги почитуваат вредностите на спортот.

Villarreal Masters Academy продолжува посветено да создава средина во која децата растат низ игра, дружење и позитивни спортски искуства, со почит кон секој противник и љубов кон фудбалот.

Придружи се на патувањето

Стани дел од теренот и откриј го својот целосен потенцијал.