Отворена за сите играчи
Villarreal Macedonia
Academy
Момчиња & Девојчиња: 0д 5 до 8 години
Тренинг: 3 пати неделно
Времетраење: 1 час
Следејќи ја методологијата на Villarreal CF, нашата ФУДБАЛСКА ШКОЛА е одлична почетна точка за играчите да ги научат основите и да ги развијат своите фудбалски вештини, техники и самодоверба на забавен и динамичен начин.
Тимовите во нашата Фудбалска Школа тренираат до три пати неделно. Тренинзите се фокусирани и на индивидуални вештини и на тимска игра, опфаќајќи ги основните фудбалски техники како додавање, контрола на топката, дриблинг и завршување. Тренинзите исто така се посветени на кондиција, физички развој и тимска соработка.
Запознај ја една од водечките фудбалски методологии во светот и развивај ги своите вештини на Villarreal начин.
Работи со лиценцирани и целосно сертифицирани професионални тренери кои се посветени на твојот развој на теренот и надвор од него.
Добивај индивидуални технички, физички и психолошки извештаи за следење на напредокот и развојот на твоите способности.
Покрај тренинзите, им нудиме на нашите играчи можност да се натпреваруваат на различни нивоа, како за резултат така и за забава.
Веруваме дека најмногу се учи на теренот, и нашата одговорност е да им обезбедиме повеќе можности за тоа.
Тимовите на нашата Фудбалска Школа играат натпревари, учествуваат во развојни лиги, турнири и пријателски мечеви.
Во моментов нашите програми се достапни во Скопје и тоа во општините Центар и Тафталиџе.
Во иднина очекуваме на проширување и во останатите градови и општини во Македонија.
12 Месечната чланарина од 2500 денари со тренинзи преку неделата и за викенд.
Термините се во согласност на групните генерации од 17:00 до 21:00 часот.
Попуст за второ дете изнесува 50% од месечната чланарина.
Во чланарината се вклучени сите трошоци за домашни и гостински пријателски натпревари во Македонија, учество во Детска лига на ФФМ како и пристап до веб порталот за развој на играчот.
Цената на регистрација изнесува 5000 денари во која е вклучен пакет за добредојде и 2 месечни рати.
Copyright © 2025 Villarreal Masters.